Москва: Политизирани заклучоци на британскиот суд во случајот „Литвиненко“

Во МНР РФ и владејачките кругови не го сметаат за објективен извештајот на британскиот суд за случајот „Литвиненко“ и сметаат дека во текот на постапката Лондон ја нарушил презумпцијата на невиност. РФ нема намера да ги испорачува лицата обвинети во Британија за ова убиство.

Москва не се согласува со заклучоците на британскиот суд за случајот по повод смртта на поранешниот офицер на ФСБ Александар Литвиненко, соопштува РИА „Новости“ повикувајќи се на „информиран извор“ во владејачките кругови.

„Руската страна ги има сите основи да изјави дека таа нема да прифати никаква пресуда“, вели анонимниот извор. Тој истакна дека официјално реакцијата на Москва е таква што Британците го прекршиле принципот на презумпција на невиност во својата постапка.

„Како што се гледа од „протечените информации“ во медиумите, заклучоците од „јавната истрага“ се правеле врз основа на докази prima facie, то ест врз оние што изгледаат достоверни и доволни за поднесување пријава, како и „доволни во отсуство на докази во полза на спротивното“, ги пренесува неговите зборови агенцијата.  

МНР РФ исто така смета дека извештајот е политизиран и жали што фрлил сенка врз односите на Русија и Лондон. „Несомнено, ни треба време за подробно да ја проучиме содржината на дадениот документ, по што ќе дадеме соодветна оценка“, истакна портпаролот на МНР РФ Марија Захарова.

Во извештајот се сомничат руските државјани - бизнисменот Дмитриј Ковтун и поранешниот службеник на ФСБ, а сегашен пратеник во Државната дума Андреј Луговој – за извршување на убиството на поранешниот офицер на ФСБ Литвиненко, кој почина на 23 ноември 2006 година.

Судот одлучи дека тие му ставиле во чајот на Литвиненко смртоносна доза од радиактивната супстанца Полониум-210 во текот на средбата со него во лондонскиот хотел „Милениум 1“ на 1 ноември 2006 година.

Извори од правосудните органи соопштија за агенцијата дека постапката не повлекува никакави правни последици за Луговој и Ковтун, затоа што Уставот на РФ предвидува Русија да не есктрадира свои граѓани.

Во извештајот исто така се зборува дека операцијата за ликвидација на Литвиненко „веројатно била одобрена од Владимир Путин и шефот на ФСБ Николај Патрушев“.

Притоа во извештајот не се наведува со која цел било потребно убиството на Литвиненко. Британскиот весник „Гардијан“ повикувајќи се на материјалите од случајот напиша дека Литвиненко последните месеци од животот подготвувал серија извештаи за британските тајни служби со компромитирачки материјали за високи политичари блиски до претседателот.

 

 

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња