Цените на нафтата сѐ уште не го допреле дното, но економијата на Русија, откако го преживеа шокот и се адаптираше на новите услови, ќе се врати на својот раст во среднорочна перспектива, смета поранешниот министер за финансии на РФ Алексеј Кудрин.
„Тоа може да биде и 18, и 16 долари за барел, но за кратко, потоа, се разбира, цената ќе се коригира и ќе почне да се качува“, рече Кудрин говорејќи на деловниот појадок на „ВТБ Капитал“ во рамките на Светскиот економски форум во Давос.
„Има многу околности кои помагаат да се преживее овој период – резервите, нискиот долг на Русија – околу 15,5% БДП, Русија има резерви на врста валута, маргина на безбедност, ние можеме да позајмуваме и да го зголемуваме долгот. Флексибилниот курс помогна да се адаптира економијата. Несомнено, шокот постои, но за година-две економијата ќе излезе со позитивни показатели“, смета Кудрин, а пренесува „Интерфакс“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче