Владата на Украина ќе донесе одлука за вклучување на дополнителни над 70 видови роба во списокот на забранети за увоз во Украина производи од Русија.
Ова го изјави на седницата на украинската влада премиерот Арсениј Јацењук, пренесува ТАСС.
„Станува збор за повеќе од 70 видови роба“, изјави тој. Премиерот истакна дека тоа се „контрамерки на Киев“ на одлуката на руската страна за забрана на испорака на украинска роба. „Ние и понатаму ќе го штитиме својот пазар“, рече Јацењук.
Претходно владата на земјата утврди список со стоки чиј увоз е забранет од 10 јануари до 5 август 2016 година. На списокот, на пример, се наоѓаат пекарски производи, кондиторски производи од брашно, чоколадни бонбони, месо, риба, кафе, црн чај, производи за детска исхрана, цигари со филтер, пиво, вотка и друго.
Од Државната фискална служба на Украина изјавија дека ќе ги казнуваат граѓаните за транспорт на роба од РФ преку украинската граница.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче