СБ РФ: Странските служби се една од основните закани за Русија

Како една од основните закани за безбедноста на Русија е активноста на странските тајни служби, терористичките и екстремистичките организации, како и радикалните општествени здруженија.

Основни закани за безбедноста на Русија остануваат разузнавачките и останатите активности на странските тајни служби, изјави во средата помошник-секретарот на Советот за безбедност на РФ Александар Гребенкин.

На овој начин тој ја коментираше новата редакција на Стратегијата за национална безбедност на РФ која беше утврдена од претседателот Путин кон крајот на минатата година, пренесува РИА „Новости“.

„Како основни закани за безбедноста на земјата остануваат раузнавачката и друга активност на специјалните служби и организации на странски држави, терористички и екстремистички организации, криминални организации и групи, радикални општествени здруженија“, изјави Гребенкин.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња