Русија треба да го искористи влијанието кое го има врз Дамаск за „да го активира Виенскиот процес“, изјави портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби.
„Потребно е да се соработува со Русија во обидот да се придвижи политичкиот процес. Мислам дека државниот секретар смета дека треба да се разгледаат низа спорни прашања кои ги имаме со Русија. Нема ништо лошо во тоа да се разгледаат овие прашања, чесно да си кажеме едни на други како ја гледаме иднината“, изјави Кирби.
„Но, како што кажавме, важно е со процесот да раководат самите Сиријци“, додаде портпаролот на Стејт департментот, пренесува РИА „Новости”.
Кирби потсети дека меѓу владата и опозицијата во Сирија се води процес под покровителство на ОН. Притоа, според неговите зборови, САД сметаат дека Русија може да влијае на властите во Сирија и да ги стави на преговарачка маса.
„ Ние знаеме дека Русија има влијание на сирискиот режим и сакаме тие да го искористат своето влијание врз режимот на Асад за да се активира Виенскиот процес”, изјави Кирби.
Претставници на групите од сириската опозиција претходно се заканија дека ќе се откажат од учество во јануарските преговори сѐ додека не бидат исполнети хуманитарните одредби на резолуцијата на ОН.
Се очекува преговорите меѓу сириските власти и опозицијата да почнат на 25 јануари во Женева.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче