Русија во ноември 2015 година ги зголемила вложувањата во државните обврзници на САД за шест милијарди долари. Ова го потврдуваат податоците на сајтот на Министерството за финансии на САД, објавени во вторникот, 19 јануари, пренесува „Лента.ру“.
Сега обемот на американскиот долг кон Москва се проценува на 88 милијарди долари. РФ според овој показател останува на 15 место.
Најголемиот имател на обврзници – Кина – го зголемил обемот на инвестиции од 1,255 трилиони на 1,264 трилиони долари. Јапонија на 2 место го намалила обемот на вложување од 1,149 трилиони на 1,145 трилиони долари. Вкупниот обем на американскиот долг за еден месец се зголеми за 78 милијарди долари – на 6,126 трилиони долари.
Во октомври минатата година руските инвестиции во американските државни обврзници се намалија за 7,1 милијарди долари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче