Вкупно се рангирани 60 земји. Прва е Германија, па следуваат Канада и Велика Британија. Русија се најде меѓу Португалија и Израел, се вели на сајтот на US News and World Report.
Аналитичарите зедоа предвид девет критериуми: туризам, иновации, отвореност за бизнис, социјална работа на државата, историско наследство, вооружени сили, култура, раст на економијата, животен стандард, пренесува „Взгљад“.
Русија според категориите се најде на 2 место според нивото на вооружените сили, на 10 место според темпото на економијата, на 20 според иновациите, на 25 според културното влијание.
Русија се најде на 9 место во поткатегоријата „најдобра земја за започнување кариера“ и на 6 место во поткатегоријата „највлијателна земја“.
Претходно „Блумберг“ ја стави Русија на листата 15 со најиновативни економии на светот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче