„Потврдивме дека е неопходно да се решаваат хуманитарните проблеми во Сирија. Од своја страна, зборувавме за тоа кои се плановите на руската војска за да се реализира хуманитарната помош од Обединетите нации и Црвениот крст, како и од други невладини организации“, рече Лавров, а пренесува „Спутник“.
Рускиот министер за надворешни работи нагласи дека Москва е подготвена на идна потесна координација на своите потези со коалицијата предводена од САД, особено кога станува збор за борба против тероризмот.
Истовремено е договорено Москва и Вашингтон да не учествуваат во сириските преговори на 25 јануари во Женева, туку ќе се однесуваат како надворешни набљудувачи „за да се постигне договор со цел постигнување преоден период, за да се усвои нов устав и да се одреди датум за нови избори“, рече Лавров.
Русија и САД се категорично против територијална поделба на Ирак, Сирија и Либија, рече Лавров.
„Нашиот заеднички став е дека на Блискиот Исток и на северот на Африка мора да се почитува територијалниот суверенитет на сите земји“, рече тој.
Пред сѐ, тоа се однесува на Ирак и Сирија, затоа што многу земји веќе зборуваа како не би било лошо доколку се оформат неколку држави на тие територии.
„Русија и САД се категорично против тоа и ќе сториме сѐ што е во наша моќ таквото сценарио да не се реализира“, додаде Лавров.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче