Путин: Падот на рубљата отвора „нови можности“

Претседателот на Русија Владимир Путин е убеден дека рускиот бизнис ја „издржа“ економската криза во Русија.

Претседателот на Русија Владимир Путин е убеден дека рускиот бизнис ја „издржа“ економската криза во Русија. Со ова мислење тој настапи на форумот „Потпората на Русија“ под наслов „Мал бизнис – национална идеја?“, пренесува „Газета.ру“

„Последните две години беа мошне сложени за економијата, објективните потешкотии допреа практично до сите нејзини сектори, но треба да се истакне дека во целина бизнисот издржа, вклучително и малиот“, уверен е рускиот претседател.

Згора на тоа, претседателот Путин е убеден дека падот на рубљата и разликата во курсот е одличен повод за да се искористи тоа, затоа што се „отвораат нови можности за бизнис“.

Претходно беше соопштено дека курсот на доларот надминал 80 рубли, а еврото се приближило до 88 рубли. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња