Поранешниот претседател на СССР Михаил Горбачов изјави дека за забрзување на процесот за решавање на кризата на истокот на Украина, неопходно е да се одржи средба меѓу претседателите на Русија и САД.
Според неговото мислење, преговорите што се одржаа минатата недела во Калининград меѓу помошникот на претседателот на Русија Владислав Сурков и помошничката на државниот секретар на САД Викторија Нуланд би можеле да станат почеток на патот за подготовка на билатерален самит на украинска тема.
„Би било добро доколку овој самит се одржеше уште пред две години, кога беше полесно да ѝ се помогне на Украина да се врати на патот на мирен развој. Изминатото време покажа дека ваков самит денеска е неопходен не помалку, ако не повеќе“, рече Горбачов во средата за „Интерфакс“.
Поранешниот претседател на СССР додаде дека противречностите во Украина се продлабочуваат од ден на ден, и тој процес може да го запре единствено постојан дијалог меѓу рускиот и американскиот лидер.
„Нашите раководители треба да водат постојан дијалог за да ги запрат противречностите што стануваат подлабоки. Не смее да се дозволи Украинци повторно да војуваат против Украинци – тоа е страшен апсурд. Но ситуацијата, очигледно, доби таков карактер што без помош, без соработка на нашите раководители катастрофата не може да биде избегната“, потенцираше Горбачов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче