„Гаспром“ соопштува за раскинување на договорот за проектот за гасовод „Јужен тек“, се вели во соопштението на компанијата.
Советот на директори на „Гаспром“ го одобри склучувањето договор за прекин на важноста на договорот меѓу „Гаспром“ и компанијата South Stream Transport B.V. за транспорт на гас. Компанијата South Stream Transport B.V. се согласи да го ослободи „Гаспром“ од сите обврски за реализација на договорот за транспорт на гас и да го раскине договорот за гаранции, се истакнува во официјалното соопштение на „Гаспром“ што го пренесува ТАСС.
Притоа министерот за енергетика на РФ Александар Новак изјави дека проектот за изградба на гасоводот „Јужен тек“ е запрен и за него не се водат преговори.
Проектот „Јужен тек“ во вредност од 15,5 милијарди евра беше наменет за испорака во Европа на 67 милијарди кубни метри годишно.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче