До крајот на 2016 година сите автобуси, тролејбуси и трамваи на ГУП „Мосгортранс“ во главниот град на Русија ќе бидат опремени со бесплатен безжичен пристап до интернет, соопшти генералниот директор на претпријатието Евгениј Михајлов на прес-конференција во средата, пренесува „Интерфакс“.
„Точно ви кажувам, до крајот на годината сите линии ќе бидат опремени со бесплатен интернет“, потенцираше тој.
Според зборовите на Михајлов, истовремено ќе можат да се приклучат на интернет 15-20 патници во автобус, тролејбус или трамвај.
„Првите линии ќе бидат опремени со пристап до интернет во февруари, но ќе треба уште некое време за тестирање и прилагодување“, додаде тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче