Советот за безбедност на РФ ги наведе клучните закани за руската економија

Во Стратегијата за национална безбедност на Русија особено внимание му е посветено на дефинирањето на главните закани за националната безбедност во сферата на економијата, а како клучни се споменуваат моделот на развој базиран на извоз на суровини и зависноста од надворешната економска конјунктура.

Како клучни закани за Руската Федерација во сферата на економијата во Стратегијата за национална безбедност се наведени ниската конкурентност, како и задржувањето на моделот на развој базиран на извоз на суровини, изјави помошникот на шефот на Советот за безбедност на РФ Сергеј Вахруков.

„Значително внимание во Стратегијата за национална безбедност на Русија им е посветено на главните стратешки закани за националната безбедност во сферата на економијата, каде се вброени ниската конкурентност, задржувањето на моделот на развој базиран на извоз на суровини и високата зависност од надворешната економска  конјуктура, заостанувањето во развојот и воведувањето перспективни технологии, неурамнотеженоста на националниот буџетски систем, недостатокот од ресурси за кредитирање, незаштитеноста на националниот финансиски систем, како и низа други предизвици и закани“, изјави Вахруков, а пренесува РИА „Новости“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња