Надворешниот економски и пропаганден притисок врз Русија доведе до поделба во самата Европска унија, смета претседателот на Државната дума на РФ Сергеј Наришкин.
„Забележуваме дека надворешниот притисок врз Русија, како економскиот, така и пропагандниот, продолжува. Но во таа желба да нѐ ослабат, прекуокеанските дејци очигледно претераа, нивните аналитичари предвидуваат, на пример, значително намалување на соработката на ЕУ и САД, а Велика Британија, која се подготвува за референдум за останување во Унијата, му поднесе на Брисел низа барања кои би можеле критично да го променат карактерот на тој интеграциски проект. Да речеме, тоа би можело да се случи поради враќањето на низа овластувања на националните парламенти на членките на Унијата кои претходно веќе беа пренесени на различни европски структури“, рече Сергеј Наришкин отворајќи го пролетното заседание на Државната дума.
„Притоа кризните појави на глобално ниво само се зголемуваат, а судбината на светот директно зависи од усогласувањето на напорите на низа држави во борбата против меѓународниот тероризам“, нагласи Наришкин, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче