Медиум: Русија може да ја спаси цената на нафтата

Цените на нафтата можат повторно да скокнат доколку Русија го намали производството на нафта и на тој начин предизвика верижна реакција и другите земји потоа почнат да го следат нејзиниот пример, смета аналитичарот Оле Хансен од „Саксо Банк“, пишуваат медиумите.

Цените на нафтата можат да пораснат доколку земјите кои произведуваат нафта го намалат производството. Саудијците и останатите членки на ОПЕК чекаат првиот чекор да го направи Русија, пишува порталот „МаркетВоч“.

Цените на нафтата можат повторно да скокнат доколку Русија го намали производството на нафта и на тој начин предизвика верижна реакција и другите земји потоа да почнат да го следат нејзиниот пример. Меѓу оние кои се занимаваа со можностите за развој на таквото сценарио е и аналитичарот Оле Хансен од „Саксо Банк“.

„Русија би им сигнализирала на Саудијците „луѓе мораме уште еднаш да размислиме за цените на нафтата, затоа што тие од декември паднаа за уште една третина, а тоа доведува до големи загуби“, изјави аналитичарот.

Порталот нагласува дека Саудиска Арабија последните неколку месеци упорно одбива да го намали производството на црна нафта, дури и во услови во кои цената падна под 30 долари за барел. Таквата одлука во голема мера е условена од количината на нафта од шкрилци која се добива во САД и од загриженоста поради можното намалување на побарувачката на гориво, предизвикана од проблемите во светската економија.

„Доколку Русија и останатите членки на ОПЕК би биле подготвени да го намалат производството, тоа дефинитивно би бил првиот чекор кон стабилизација на пазарот“, смета Хансен.

На 16 јануари беа укинати повеќето санкции против Иран поради неговата нуклеарна програма. А тоа значи и враќање на оваа земја на нафтениот пазар, што предизвикува загриженост како кај производителите на нафта, така и кај аналитичарите, поради фактот што во моментов производството на нафта е веќе преголемо,  пренесува РИА „Новости“.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња