Во моментов многу земји покажуваат голем интерес за Економската зона на Новиот пат на свилата, склучени се договори и меморандуми на билатерални и мултилатерални нивоа. Русија, како најголема соседна земја и стратешки партнер на Кина е важен актер на заедничкиот Пат на свилата и притоа има важни предности, рече кинескиот амбасадор во Москва Ли Хуи.
Меѓу причините кои тој ги наведе на прво место е „единствената географска близина“, а кинеско-руската граница во должина од 4300 километри е, „мирна, стабилна и пријателска“ и веќе претставува важна алка во јакнењето на пријателството и соработката меѓу двете земји.
„Единствената политичка заемна доверба меѓу двете земји“ е вториот важен фактор.
Кинеско-руските односи можат да се наречат како најдобри меѓу билатералните односи на големите земји. Лидерите на нашите држави се состануваат секоја година, постои ефикасен механизам на редовни состаноци на премиерите и разни одбори, а треба да се истакне заедничката изјава за соработка во доменот на Економскиот појас на Патот на свилата и Евроазискиот економски форум, нагласува амбасадорот.
Содржајната практична соработка исто така спаѓа меѓу важните фактори, истакна Хуи и потсети на гасоводот Силата на Сибир и изградбата на автопатот Москва-Казањ, но и на хуманитарната соработка, пренесува „Есперт“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче