„Гаспром“ испрати до „Нафтогас на Украина“ фактура од 2,5 милијарди долари

„Нафтогас на Украина“ треба да ја плати сметката во рок од 10 дена.

„Гаспром“ во вторникот испрати до „Нафтогас на Украина“ сметка за гасот што украинската компанија не го селектираше во третиот квартал на 2015 година според условот „земи или плати“, соопшти руската компанија, а пренесува РИА „Новости“.  

„Согласно важечкиот меѓу „Гаспром“ и „Нафтогас на Украина“ договор за купопродажба на гас, купувачот е обврзан годишно да плаќа минимално годишно количество гас. Поаѓајќи од условите на договорот, минималното годишно количество гас во 3 квартал на 2015 година изнесуваше 10,485 милијарди кубни метри. Имајќи го предвид ова, како и обемот на гас испорачан од „Гаспром“ на Украина во третиот квартал на 2015 година, на „Нафтогас“ му е испратена сметка во износ од 2,549 милијарди долари“, се вели во соопштението на „Гаспром“.

Руската компанија очекува сметката да биде платена во рок од 10 дена. „Украина во 2015 година фактички се откажа од купување руски гас во третиот квартал, на тој начин немаше никакви договори за неприменувањето на правилото „земи или плати“ во тој период“, истакна претседателот на управата на „Гаспром“ Алексеј Милер. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња