„Блумберг“: Русија во топ-15 најиновативни економии на светот

Според резултатите од анализата на агенцијата, Русија го зазема 12 место, претекнувајќи земји како што се Австрија, Норвешка, Велика Британија и низа други.

Русија го зазема 12 место на листата на најиновативни економии во светот. Рејтингот го составија аналитичарите на „Блумберг“, давајќи ѝ на Русија 78,85 поени, пренесува РИА „Новости“.

Економијата на Русија според показателот „иновативност“ претекнува земји како што се Австрија, Норвешка, Белгија, Велика Британија, Холандија, Канада, Кина и редица други.  

Водечките позиции ги заземаат Јужна Кореја (91,31 поени), Германија (85,54) и Шведска (85,21). Во првата десетка влегуваат и Јапонија, Швајцарија, Сингапур, Финска, САД, Данска и Франција.

Рејтингот беше составен врз основа на седум основни критериуми: расходи за иновации, додадена вредност при производството, продуктивност на научната работа, ефективност на научните центри, концентрација на истражувањата, индекс на регистрација на патенти, густина на високотехнолошки компании.  

Според показателот „концентрација на истражувањата“ Русија го зазеде првото место (вкупно 27 поени), додека лидерот на рејтингот – Јужна Кореја – за истиот показател доби вкупно 6 поени.
 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња