Земан препорачува во борбата против ИД пример да биде Сталин

Чешкиот претседател Милош Земан изјави дека исламот во принцип е неспојлив со западните вредности и предупреди дека повторно би можело да се случи она што се случи на новогодишната ноќ во Келн.

Клучните муслимански вредности премногу се разликуваат од западните, а интеграцијата е можна само со слични култури, смета чешкиот претседател Милош Земан.

Тој исто така се залага за итно уништување на „Исламската држава“ и повикува на физичка ликвидација на нејзините лидери. 

„Зошто да не се наречат работите со нивното вистинско име. Лидерите на организацијата „Исламска држава“ треба да бидат убиени, затоа што токму тие се организатори на сите тие терористички напади“, рече чешкиот лидер.  

Притоа Земан смета дека меѓународната коалиција треба да ги обедини напорите во борбата против ИД со актуелниот претседател на Сирија Башар Асад.

 „Исто како што Сталин 1941 година ги обедини напорите со сојузниците во  борбата против заедничкиот непријател, ние би морале да се обединиме со човекот кому му замеруваме дека ги крши човековите права, но кој се бори против истиот непријател како и ние“, рече Земан, а пренесува  „Комсомолскаја правда“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња