Чистиот одлив на капитал од Русија во 2015 година изнесувал 56,9 милијарди долари наспроти 153 милијарди долари пред две години, соопшти Банката на Русија на својот сајт. Во четвртиот квартал одливот изнесувал 9,2 милијарди долари, а во третиот бил регистриран прилив од 3,4 милијарди долари.
Централната банка истакнува дека главна компонента за извозот на капитал минатата година било сервисирањето на приватниот надворешен долг. Најактивно го намалувале надворешните обврски на банките кои ги продавале странските активи и ја сервисирале задолженоста за сметка на тековните операции. Слични сектори исто така плаќале надворешни долгови, истовремено суштински намалувајќи ги обемите на зголемување на странските активи.
На 13 ноември 2015 првиот човек на Банката на Русија Елвира Набиулина информираше дека од 2014 година надворешниот долг на Русија се намалил речиси за 30 проценти – од 729 на 522 милијарди долари. Регулаторот притоа предвиде дека сумата на одлив ќе изнесува околу 70 милијарди долари.
Вкупно во 2015 година Русија исплати 65 милијарди долари надворешен долг (државен и корпоративен), пренесува „Лента.ру“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче