Русија планира до 2025 година да создаде вселенско летало на атомски погон, пишува „Лента.ру“ повикувајќи се на Федералната вселенска програма за 2016-2025 година.
Се претпоставува дека таквите мотори ќе помогнат во реализацијата на меѓупланетарните патувања. За споредба, вкупната енергетска моќ на Меѓународната вселенска станица од 110 киловати се обезбедува со помош на сончеви батерии со површина 17 х 70 метри. Ова енергија е недоволна за меѓупланетарни патувања.
До 2017 година Научно-истражувачкиот и конструкторски институт за енергетски технологии планира да изгради нуклеарен реактор за идниот мотор.
Работите на создавање нуклеарни мотори за вселенски летала активно се вршеа и во СССР и во САД – Американците го затворија проектот во 1994 година, додека Советскиот Сојуз во 1988 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче