Даглас Шон во текстот под наслов „Во свет на хаос единствен победник е Владиир Путин“ пишува за длабоката криза во Америка за што, како што смета тој, сведочи и тестирањето на иранските ракети и севернокорејската хидрогенска бомба, а тензиите меѓу Саудиска Арабија и Иран исто така негативно ќе влијаат и на односите на Америка со овие држави, како и на стабилноста на целиот Блиски Исток.
Изјавите на сите главни кандидати за претседател на САД докажуваат само дека државата ја напушта светската сцена, смета Даглас Шон. „Изјавите на мнозинството кандидати ѝ даваат на Русија можност да стекне голема предност, да заземе поповолна позиција во светот. Кандидатите кои покажуваат остар однос спрема Русија и не се особено популарни кај гласачите“, забележува колумнистот. „Благодарение на добро пресметаната стратегија на рускиот претседател, руските интереси излегуваат на прв план, Русија повторно станува велесила.“
„Ние не се обидуваме да го запреме Путин. Нашите политичари немаат сериозни планови за иднината... Сѐ додека (кандидатите) настапуваат онака како што настапуваат, на Путин нема да му биде важно кој ќе ја предводи претседателската трка. Тој ќе биде сигурен дека следниот американски претседател ќе ѝ помогне на Русија повторно да стане суперсила“, смета Шон Даглас.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче