Хилари Клинтон не исклучува „ново ресетирање“ на односите со Русија

Хилари Клинтон, одговарајќи новинарско прашање дали е подготвена да придонесе за „ресетирање“ на односите со Русија, изјави: „Зависи што ќе добијам од тоа“.

Поранешниот државен секретар и кандидат за претседател на САД Хилари Клинтон не исклучува ново „ресетирање во односите“ со Русија во зависност од тоа што ќе добијат од тоа САД.

„Тоа зависи што ќе добијам од тоа“, изјави Клинтон во текот на дебатата на кандидатите за претседател на САД од редовите на демократите.

На тој начин таа одговори на прашањето дале е подготвена да стисне на копчето за „ресетирање“ на односите како што тоа се случи во 2009 година.

Клинтон потсети дека тогаш САД успеаја да добијат од РФ дозвола за транзит на воени товари во Авганистан, склучија договор за ограничување на нуклеарното оружје и се договорија за санкциите против Иран, пренесува РИА „Новости“

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.