Дворкович: Владата на Русија очекува раст на економијата во 2016 година

Падот на рубљата, истакна вицепремиерот на руската влада Аркадиј Дворкович, создава можности за руски извоз, на пример, при испораките на индустриска роба и производи во Кина.

Владата на РФ очекува раст на руската економија во 2016 година без оглед на кризата, изјави вицепремиерот Аркадиј Дворкович, пренесува РИА „Новости“.

„Очекуваме позитивен економски раст годинава, без оглед на економската криза. Се наоѓаме во постојан дијалог со бизнис-заедницата дискутирајќи ги мерките за поддршка на економијата“; изјави Дворкович,  говорејќи на Азискиот финансиски форум во Хонг Конг.

Според неговите зборови, последниве 10 години беа сосем успешни за руската економија и дозволија да се насоберат резерви во економијата. Сега тие услови се сменија: цените на нафтата се наоѓаат на ниско ниво, рубљата заслабна во однос на други светски валути, а каматните стапки во економијата, напротив, се високи.

„Убедени сме дека ќе можеме успешно да го поминеме овој сложен период“, потенцираше вицепремиерот. Тој рече дека слабеењето на рубљата, на пример, создава можности за руски извоз, на пример, при испораките на индустриска роба и производи во Кина.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња