Потпретседателот на владата на Русија за одбранбената индустрија Дмитриј Рогозин ја коментираше изјавата на министерот за одбрана на Хрватска дека Србија не може да стане членка на ЕУ и истовремено да ја продолжи соработката со Русија.
„Министерот за одбрана на Хрватска: „Србија мисли дека може да влезе во ЕУ и да ја продолжи соработката со Русија? Како да не!“ – Тој министер има долг јазик“, напиша Дмитриј Рогозин на својата Фејсбук страница, пренесува РИА „Новости”.
Хрватскиот министер за одбрана Анте Котромановиќ тоа го изјави во контекст на судирот меѓу Хрватска и Србија кој продолжува на полето на трка во вооружување, пренесува „Дојче Веле“. Иако нема никаква причина односите меѓу двете земји да се влошуваат, двете земји користат остра реторика за да ги привлечат гласачите, пишува „Дојче Веле“.
Претходно Белград ги протолкува како предизвик изјавите на Хрватска за набавка на американски оперативно-тактички ракети со дострел од 300 километри и кои теоретски би можеле да претставуваат опасност за Србија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче