Стејт департментот како и обично „не ја гледа“ руската хуманитарна помош за Сиријците, нагласи портпаролот на МНР РФ Марија Захарова.
....Тоа што руската хуманитарна помош која се доставува веќе четири години за Сирија не го гледаат, тоа е сосем нормално, кај нив е сѐ така, го гледаат само она што самите ќе го смислат, напиша
Захарова на својот Фејсбук-профил осврнувајќи се на зборовите на Џон Кирби „дека не видел потврда“ на информациите за руската хуманитарна помош за Сирија.
Захарова ја коментираше и изјавата на Кирби дека САД немаат ништо против Русија во иднина „повеќе да се фокусира на хуманитарната помош, а помалку на нападите врз сириската опозиција“.
„Ние, исто така, немаме ништо против САД и друштвото да се концентрираат врз работата на технологијата на воздушните удари и да престанат да ги третираат свадбите и објектите на „Лекарите без граници“ како цели“, напиша Маја Захарова.
Таа потсети дека Стејт департментот ни во хуманитарниот конвој во Украина своевремено не забележа електрични агрегати, но „виде“ скриени тенкови и вети дека само за американските колеги на следниот брифинг ќе подготви извештај за помошта што ѝ се дава на Сирија веќе неколку години, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче