Министерот за надворешни работи на Германија Франк Валтер Штајнмаер рече во интервју за Франкфуртер Алегмајне Цајтунг дека е убеден оти за тоа прашање постои интерес и кај двете страни и кај Западот и кај Кремљ.
Штајнмаер истакна дека на последниот состанок на Советот на НАТО пактот тој го покренал ова прашање и наишол на „поголема поддршка отколку што очекувал“, без оглед на извесното назадоволство. „Путин исто така дава до знаење дека е заинтересиран за враќање на институционалниот формат на преговорите со Западот", тврди тој.
Советот Русија-НАТО е основан 2002 година, а последната седница на ниво на дипломатите е одржана во јуни 2014 година. Дијалогот помеѓу Русија и Северноатлантската алијанса од тогаш е замрзнат, поради конфликтот во Украина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче