На состанокот на Лавров и Кери и конечниот список на сириската опозиција

Состанокот на министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Џон Кери ќе се одржи на 20 јануари во Цирих. На списокот кој тогаш би можел конечно да биде усогласен ќе се најдат две групи на сириската опозиција, формирани на предлог на Ријад од една страна и на Москва и Каиро од друга страна, пренесуваат медиумите.

Конечниот список на сириската опозиција, која ќе земе учество во меѓусириските преговори во Женева би можел да биде составен на претстојниот состанок на министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Лавров и неговиот американски колега Џон Кери, пренесоа медиумите повикувајќи се на извори од сириската опозиција.

Лавров и Кери во Цирих ќе ги разгледаат проблемите поврзани со Сирија и Украина, нагласи изворот.

"Списокот на претставниците на опозицијата сѐ уште не е усогласен. За него ќе се разговара и ќе биде усвоен на 20 јануари на состанокот меѓу Лавров и Кери", рече он.

Списокот ќе се состои од две групи на опозицијата, едната ја предложи Ријад, а другата Москва и Каиро.

Меѓусириските преговори ќе се одржат во Женева на 25 јануари, а пред тоа Стефан де Мистура, специјалниот пратеник на ОН ќе се консултира со сите учесници во процесот за регулирање на сирискиот проблем, пренесува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња