Медиуми: Руските санкции би можеле да бидат поштетни за Турција

Процените на стручњаците кажуваат дека руските рестриктивни мерки би можеле да ѝ нанесат на турската економија штета во висина од 12 милијарди долари, што е бројка четирипати поголема од онаа која претходно ја кажа нејзината власт, тврди „Гласот на Америка“.

Тероризмот и руските санкции ја натераа турската економија да се подготви за најлошото, пишува „Глас на Америка“.

Несомнено е дека терористичкиот напад во Истанбул во кој загинаа десетина туристи, ќе го погоди турскиот туристички сектор кој донесува годишен приход од 34 милијарди долари, пишува Глас на Америка и истакнува дека уделот на германските туристи во вкупната посета изнесува 15 % и дека многумина веќе ги откажале претходно планираните патувања.

Руските рестриктивни мерки, воведени откако Турција собори руски воен авион над сириското небо, а кои економијата веќе почна да ги чувствува, во најголема мера влијаат на економскиот, туристичкиот и банкарскиот сектор, се наведува во текстот.

Руските санкции од една страна и терористичките закани од друга ќе имаат домино ефект, кој ќе влијае не само на хотелите и туристичките места, туку и врз сопствениците на дуќани, таксистите и уличните трговци, пишува „Глас на Америка“.

„Русија купуваше 60 % од целокупното производство на овошје и зеленчук кое се извезуваше, а сега сето тоа го изгубивме, Русија за нас е голем пазар“, рече претседателот на турското Здружение на продавачи на овошје и зеленчук Бурхан Ера.

Спрема процените на турските власти оваа земја поради руските прехранбени рестриктивни мерки би можела да биде во загуба за околу 764 милиони долари. Освен тоа Русија ја запре изградбата на гасоводот Турски тек и изградбата на нуклеарката „Акују“. Политикологот Ајдан Сезар тврди дека руските санкции ќе ја чинат турската економија повеќе од 12 милијарди долари годишно, што е четирипати поголема бројка од онаа која неодамна ја кажаа турските власти, пишува „Глас на Америка“.

Една од водечките турски финансиски институции Is Bankasi објави извештај во кој се вели дека руските санкции најмногу ќе влијаат на извозот на прехранбени производи, како и на приходите од трговија и градежништво. Во најдобар случај годишната загуба на Анкара ќе изнесува 4,4, а во најлош 7,3 милијарди долари, се нагласува во текстот, кој го пренесува агенцијата РИА Новости.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња