Шредер: Продолжувањето на санкциите против Русија е апсурд

Продолжувањето на санкциите на ЕУ против Русија е апсурд, изјави поранешниот канцелар на Германија Герхард Шредер. Според него, антируските санкции се задржуваат и покрај „очигледниот прогрес“ во реализацијата на „Минската спогодба“.

„Она што го критикувам и го сметам за грешка на владата на Германија е ситуацијата кога таа, без оглед на очигледниот прогрес во реализацијата на „Минската спогодба“, не само што се придржува до санкциите против Русија, туку и ги продолжува. Тоа, искрено кажано, е апсурдно“, ги цитира ИноТВ зборовите на Шредер во интервјуто за германскиот печат.

Поранешниот канцелар на Германија исто така истакна дека Западот направил „голема грешка“ обидувајќи се да го реши сирискиот конфликт со преговори за оставка на Башар Асад.

„Западот направи голема грешка, надевајќи се дека може да најде решение за конфликтот во Сирија, притоа веднаш започнувајќи ги преговорите со заминување на Асад“, изјави тој.

Политичарот додаде дека според него, „војната во Ирак беше една од главните причини за сегашната напрегнатост на Блискиот Исток и создавањето на ИД“.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња