Руската војска започна хуманитарна операција во Сирија со испорака на 22 тони хуманитарна пратка во градот Деир-ез-Зор, соопшти претставникот на Генералштабот генерал-потполковник Сергеј Рудској на брифингот на 15 јануари.
Тој објасни дека градот подолго време се наоѓал под опсада на бунтовниците од „Исламската држава“. Пратката била доставена со транспортен авион Ил-76 „со употреба на руски падобрански платформи“.
Објаснувајќи ја одлуката за започнување хуманитарна операција, рускиот генерал истакна дека, и покрај тоа што хуманитарна помош во Сирија доставуваат некои меѓународни невладини организации, таа „во основа се упатува во реони контролирани од бунтовниците, каде голем дел паѓа во рацете на екстремистите и се користи за снабдување на бандитските формации“.
Притоа, според зборовите на генералот, „многупати беа забележани обиди за испорака на оружје и муниција и евакуација на ранети борци под маската на хуманитарни конвои“.
На 15 јануари својата загриженост од хуманитарната ситуација во Сирија ја соопшти и руското МНР. Во соопштението на рускиот дипломатски ресор се вели дека „особена загриженост предизвикува ситуацијата во блокираните Мадаја, Фуа и Кефраја“. Мадаја е опколена од владините сили, додека Фуа и Кефраја се опколени од исламистичките групи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче