Русија во четвртиот квартал на 2016 година ќе почне со испорака на Су-35 на Кина, соопшти извор од воено-дипломатските кругови.
„Испораките на ловците ќе почнат во четвртиот квартал ова година. Засега сѐ се одвива според планот“, изјави неименуван извор, а пренесува „Взгљад”.
Претставник на руската Обединета корпорација на произведувачи на инструменти соопшти дека корпорацијата почнала со производство на системите за врска за руските ловци Су-35 кои се извезуваат во Кина.
„Поставената задача ќе биде реализирана во рокот предвиден со договорот“, изјави тој.
Кон крајот на декември 2015 година медиумите соопштија дека ловците Су-35 кои Кина ги купи од Русија ќе бидат наменети за патролирање во спорните реони во Јужното кинеско море во кое навлегуваа американските бродови.
Кинеските вооружени сили на тој начин станаа првиот странски купувач на овие авиони кои ќе ги добијат во стандардната верзија за руските Воздушно-космички сили.
Според мислењето на изворот, договорот значително ќе го зголеми руско портфолио на порачки на оружје. Кина уште во 2013 година набави руско оружје и воена техника во вредност од преку 1,8 милијарди долари и оттогаш спаѓа во најголемите купувачи на руско вооружување.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче