Новак: Турција не ги повлече дозволите за работа на „Турски тек“

Претходно министерот за енергетика на РФ Александар Новак ја потврди заинтересираноста на Русија за реализација на проектот.

Турција не ги повлече дозволите за изведување на работите на проектот за изградба на гасоводот „Турски тек“, изјави за ТАСС министерот за енергетика на РФ Александар Новак.

„Всушност, ова прашање треба да го адресирате до „Гаспром“. Но штом не ме известиле и немам никакви информации во дадениов момент, значи дека Турција не ги повлекла дозволите за изведување на работите“, изјави министерот.

Претходно министерот ја потврди заинтересираноста на Русија за реализација на проектот „Турски тек“, во случај на заинтересираност за проектот од европска и турска страна. Прашањето, според него, се проучува од страна на Европската комисија и министрите за енергетика на европските земји. Новак истакна дека Русија е подготвена за реализација на таков проект, но единствено ако дефинитивно биде „искажана заинтересираност од европските и турските партнери“.

Претседателот на РФ Владимир Путин во декември изјави дека проектот ќе биде реализиран ако Турција обезбеди гаранции од Брисел.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња