Конструкторското биро за прецизна машиноградба „Нуделман” во соработка со Саратовскиот агрегатен завод го подготви новиот противвоздушен ракетен систем со мал дострел „Сосна” за државни испитувања. Новиот систем според сите показатели ги надминува своите претходници.
Во втората половина на 2016 година „Сосна” ќе влезе во состав на руската војска. Неговите карактеристики овозможуваат ефикасна одбрана од воздушни напади во најблизок радиус.
„Системот „Сосн“ има добри перспективи во војската, кон средината на летото ќе бидат завршени државните испитувања и новиот систем ќе стапи во состав на вооружувањето“, изјави началникот на ПВО силите на Копнените сили на РФ генерал-потполковник Александар Леонов. „Се работи за ПВО ракетен систем од нова генерација кој е во состојба значително да ги зголеми можностите на војската во борбата против средствата за воздушен напад на непријателот“, пренесува „ТВ Ѕвезда”.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче