„Русија успеа да постигне десетпати повеќе отколку САД. Се надеваме дека соработката меѓу Русија и Сирија во борбата со тероризмот ќе продолжи, тоа не е само подобро за нас, тоа исто така е самоодбрана на Русија“, изјави Муалем.
„Ние сме ѝ благодарни на Русија за помошта. Поради присуството на координација меѓу ВКС Русија, ВВС Сирија и копнените сириски сили, успеавме да одржиме победа во многу делови на Сирија“, додаде шефот на сириската дипломатија, а пренесува „Взгљад“.
Министерот исто така изјави дека ако „соседните земји – Турција, Саудиска Арабија и Катар – ја исполнат резолуцијата за борбата против тероризмот, тогаш 70% од нашата криза ќе завршат, а останатите 30% ви ветувам дека ќе ги прекинеме до крајот на годината“, изјави Муалем.
Тој исто така смета дека Индија може да одигра активна улога во решението за Сирија со давање политичка и економска поддршка на Дамаск.
Притоа шефот на сириската дипломатија истакна дека претстојните договори на 25 јануари во Женева треба да се одржат без странско учество затоа што истите можат да бидат прекинати во случај на надворешно мешање и притисок.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче