Премиерот на Турција Ахмет Давутоглу ги обвини Воздушно-космичките сили на Русија дека наводно вршат напади врз цивилни цели во Сирија.
„Некои земји ѝ пречат на Турција во спроведувањето на воздушната операција во Сирија. Руските Воздушно-космички сили под изговор дека се борат против ИД бомбардираат цивили, болници и училишта. Нека борат подобро против ИД во ваздушниот простор на Сирија или нека ја напуштат Сирија, ние сами ќе се бориме (против ИД). Но нека никој не се обидува под изговор за борба против ИД да се бори против цивилите и умерената опозиција за да отвори поле за дејствување на ИД“, изјави Давутоглу
Тој додаде дека во Сирија „во тек е валкана игра“, пренесува „Взгљад”.
Претходно во понеделникот низа западни медиуми, повикувајќи се на „Сириската опсерваторија за човекови права“, соопштија дека во текот на руските воздушни напади во Алепо било наводно разрушено училиште и загинале десетина деца.
Официјалниот претставник на Генералниот секретар на ОН Стефан Дјужарик изјави дека светската организација нема да шпекулира на тема на нечија вина, туку повикува да се истражуваат инцидентот, доколку се случил.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче