„Ловците МиГ-29 на сириските ВВС обезбедија заштита на руските ловци-бомбардери Су-25 од аеродромот Хмејмим во текот на нивното извршување на борбената задача за уништување на објекти на инфраструктурата на терористите“, се велик во соопштението на руското Министерство за одбрана на Фејсбук што го пренесува „Взгљад“.
„Сириските ловци реализираа лет од аеродромот на постојано базирање и во назначен реон ги пресретнаа руските ловци-бомбардери кои полетаа од аеродромот Хмејмим, по што вршеа придружба и заштита на руските ловци-бомбардери во текот на целиот лет до реонот на нанесување удари и обратно“, се вели во соопштението.
Министерството исто така истакна дека во средата група сириски пилоти ја посетиле авиобазата Хмејмим, каде заедно со руските пилоти реализирала претходна подготовка за соработка и правила на радио-комуникација при заедничкото извршување борбени задачи за уништување на инфраструктурата на терористите.
Дел од соработката на руските и сириските ВВС можете да погледнете овде.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче