Анимираниот филм „Не можеме да живееме без вселената“ на рускиот режисер Константин Бронзит е номиниран за наградата „Оскар“ во категоријата „Најдобар анимиран краткометражен филм“. Победниците ќе бидат прогласени на 28 февруари.
„Вселената во мојот филм е само позадина врз која се одвива приказната. Тоа е приказна за двајца другари-космонаути кои имаат фикс-идеја да полетаат во вселената, и на тренинзите прават сѐ што можат за да станат најдобри и да ја добијат својата шанса“, раскажа режисерот во интервју за „Руска реч на македонски“.
Константин Бронзит е еден од најпознатите руски аниматори во светот, автор на филмовите, добитници на многу меѓународни награди – „Switchcraft“, „Die Hard“, „На работ на Земјата“ и други. Во 2009 година неговата „Тоалетна приказна – љубовна приказна“ исто така беше номинирана за „Оскар“ во категоријата „Најдобар анимиран краткометражен филм“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче