Русија ги испрати своите коментари на конечниот извештај подготвен од холандската агенција во однос на околностите при летот на малезискиот МН17 над Украина летото 2014 година, пренесува ТАСС.
„Ви испраќаме за разгледување и донесување на потребните одлуки нови важни факти кои би требало да се одразат во конечниот извештај“, напиша заменик-директорот на „Росавијација“ (Сојузната агенција за воздушен сообраќај на Русија) Олег Сторчевој во писмото до претседателот на Советот за безбедност на Холандија Тибе Јустра.
Документот нагласува дека „новите важни факти добиени од руските стручњаци во текот на дополнителните експерименти и истражувања укажуваат на неоснованоста и недостоверноста на податоците наведени во извештајот“ во низа точки, пишува ТАСС.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче