Путин и Обама разговараа за Украина и Сирија

Како што информира прес-службата на Кремљ, разговорот се одржал на иницијатива на американската страна.

Барак Обама му телефонираше на Владимир Путин за да разговараат за ситуацијата во Украина, во Сирија и на Корејскиот полуостров. „На 13 јануари по иницијатива на американската страна се одржа телефонски разговор меѓу претседателот на РФ и претседателот на САД Барак Обама. Шефовите на државите детално ги разгледаа прашањата за решавање на конфликтот во Украина, блискоисточната проблематика со акцент на барање начини за решавање на сириската криза, како и ситуацијата на Корејскиот полуостров“, соопшти денеска прес-службата на Кремљ, пренесува ТАСС.

Путин ја потенцирал „неопходноста од целосно и ригорозно почитување од страна на Киев на неговите обврски од „Минската спогодба“, вклучително и во делот на воспоставување директен дијалог со Донбас, усогласување на промените во уставот што се во подготовка, спроведување локални избори и стапување на сила на законите за посебен статус и за амнестија“

Претседателот на САД исто така истакнал дека за решавање на украинската криза сите страни треба да ја исполнат „Минската спогодба“, соопшти прес-службата на Белата куќа.

Била „искажана заедничка поддршка на напорите на ООН за организирање преговори на крајот на јануари во Женева на претставници на сириската влада и делегација на опозицијата со цел постигнување политичко решение во Сирија во согласност со резолуцијата на СБ ООН 2254". Путин „повторно ја акцентираше неопходноста од создавање широка коалиција за борба со „Исламската држава“ и другите екстремистчки организации“, потенцирајќи ја „актуелноста на најбрзо изготвување на списоци со терористичките структури и откажување од двојните стандарди при квалификацијата на едни или други групи“.

Било дискутирано и за „одделни аспекти на билатералните контакти во различни формати, вклучително и по воена линија, насочени кон консолидација на напорите во борбата со заканата од тероризмот на Блискиот Исток“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња