Претседателот на САД Барак Обама добро направи што не започна војна против Русија поради Крим, изјави поранешниот министер за одбрана на САД Чак Хејгл во Атлантскиот совет.
Одговарајќи на прашањето зошто САД и покрај повиците на Киев се воздржаа од испорака на офанзивни системи на вооружување за Украина, Хејгл изјави: „Се разбира, можевме да сториме повеќе за да ѝ помогнеме на Украина во врска со несмртоносното оружје. Но немаше потреба да им праќаме погрешни сигнали“.
Хејгл рече дека ја поддржува одлуката на сегашното раководство на Пентагон и Здружениот штаб на Вооружените сили на САД „да ги зачува отворени минималните канали за врска“ со Москва за разгледување на најважните и најактуелни прашања.
„Во никој случај не смее да дојде до заемно неразбирање и погрешна интерпретација на намерите на другата страна“, рече поранешниот министер, а пренесува„Взгљад”.
Одговарајќи на прашања за Сирија, тој изјави дека САД „треба да соработуваат со Русија и Иран“ за регулирање на ситуацијата во таа арапска земја.
„Без Русија и Иран ќе биде невозможно да се постигне нормализација на ситуацијата на Блискиот Исток“, смета Хејгл.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче