Европратеници предложија рускиот да стане официјален јазик на ЕУ

Рускиот јазик треба да стане официјален јазик во Европската унија, изјави претседателот на либералната фракција АЛДЕ во Европскиот парламент Ги Верхофштат.

„Јас не сум против Русите. Јас ја сакам таа земја и нејзините жители. Сметам дека ние треба полесно да им даваме визи на студентите, научниците, бизнисмените, обичните граѓани. Изнесов предлог рускиот јазик да биде признаен за официјален јазик на Европската унија“, изјави политичарот во интервју за фламанскиот весник „Стандард“, а пренесува „Росијскаја газета“.

Тој потсети дека во балтичките земји живеат милиони луѓе кои зборуваат руски. „За мене европската цивилизација се простира од Атлантскиот океан до Волга“, заклучи Верхофштат.

Против предлогот на Верхофштат рускиот да стане официјален јазик на ЕУ се искажа само еден претставник на Латвија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња