Тјумењ прогласен за најдобар град во Русија

Социолозите заклучија дека при процената на квалитетот на животот граѓаните во прв план го ставаат квалитетот на работењето на комуналните служби.

Најдобар руски град според квалитетот на живот во 2015 година повторно е  Тјумењ. Зад Тјумењ следат Москва, Казањ и Краснодар. Петтото место на листата оваа година го зазема Грозни, место Санкт Петербург.

Ова се резултатите од истражувањето што го спроведе Одделот на социологија на Финансискиот универзитет при владата на РФ со земање предвид на податоците на Руската агенција за статистика и процена на самите граѓани на нивната животна средина. Истражувањето го оцени квалитетот на живеењето во 38 руски градови.

Социолозите врз основа на голем број показатели заклучија дека при процена на квалитетот на животот граѓаните во прв план го ставаат квалитетот на функционирањето на комуналните служби, Тоа значи дека секогаш има вода, струја и дека лифтовите работат без чести дефекти. На второ место за граѓаните се станбениот простор и добрите патишта. На трето е добрата и достапна инфраструктура: училиштата, болниците, продавниците, како и уредените дворови и улиците. И дури на четврто место граѓаните ја ставаат висината на примањата.

„Истражувањето покажува дека во Русија сѐ повеќе се барани услугите кои ги пружа државата, а граѓаните се подготвени да работат и заработуваат, сметајќи дека тоа само по себе се подразбира“, изјави раководителот на истражувањето професор Алексеј Зубец, пренесува „Росијскаја газета”

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња