Зборовите на претседателот на САД Барак Обама, кој ги нарече Украина и Сирија „држави-клиенти“ на Русија, предизвикаа збунетост во САД.
Во своето годишно обраќање до Конгресот, Обама изјави дека без оглед на падот на економијата, „Русија насочува ресурси за поддршка на Украина и Сирија – држави-клиенти“, кои „ѝ се лизнуваат од нејзината орбита на влијание“. Зборот „клиенти“ го нема во текстот на говорот што беше објавен пред почетокот, така што се смета за импровизација на американскиот претседател.
„Обама мисли дека Украина е „држава-клиент“ на Русија? Не е за изненадување што тој не му испорачува на Киев одбранбено оружје“, напиша на Твитер колумнистот на весникот „Вашингтон Пост“ Џексон Дил.
Поранешниот амбасадор на САД во Украина Стивен Пајфер ја нарече изјавата на Обама за поддршката на Украина како „чудна фраза“. „Попрво Москва насочува ресурси за дестабилизација на Украина“, смета Пајфер.
Првиот човек на „Карнеги фондот за меѓународен мир“ Ендрју Вајс смета дека Обама мислел на поддршката не за сегашните, туку за претходните власти на Украина на чело со претседателот Виктор Јанукович. Вајс смета дека Украина можела да се смета за „држава-клиент“ кога Русија во 2014 година ѝ даде на заем на Украина 15 милијарди долари.
Конгресменот од Илионоис Питер Роскем го критикуваше Обама дека не ја разбира меѓународната политика. „Кога нашиот пријател и сојузник Украина ја нарекуваат „држава-клиент“ на Русија, тоа е алармантен знак за тоа дека нема разбирање за геополитичките реалии“, напиша Роскем на Твитер, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче