МНР РФ му одговори на Ердоган за изјавата за руска „квази-држава“ во Сирија

Министерството за надворешни работи на Русија одговори на изјавите на претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган дека РФ наводно се обидува да создаде „квази-држава“ во сириска Латакија.

„На 12 јануари претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган во текот на официјален настан изјави дека Русија вложува напори за формирање своја зона (квази-држава?) во состав на сириската провинција Латакија и соседните реони.

Оваа изјава изгледа апсурдно за секој кој внимателно ја следи непроменливоста на руската позиција во однос на суверенитетот и територијалниот интегритет на Сирија. Нивното споменување во официјалните настапи на министерот Сергеј Лавров последниве години ги издвоивме за турската страна со големи букви. Руското раководство ги истакнуваше тие клучни принципи и во различни меѓународно-правни документи за сириското решение (резолуции, одлуки и слично).

Повторуваме специјално за турското раководство: Русија секогаш се залага за зачувување на СУВЕРЕНИТЕТОТ, ЕДИНСТВОТО И ТЕРИТОРИЈАЛНИОТ ИНТЕГРИТЕТ на Сирија“, се вели во соопштението објавено на Фејсбук-профилот на МНР РФ, пренесува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња