Рускиот Генерален конзулат во Анталија ја потврди информацијата за приведувањето на тројца Руси. Според зборовите на генералниот конзул Александар Толстопјатенко, руското дипломатско претставништво се обидува да ги разјасни причините за приведувањето.
Според информациите на турските медиуми, Русите се сомничат за врски со радикалната група „Исламска држава“ и за пружање логистичка поддршка на нејзините борци. Од Русите во текот на претресот биле одземени документи и компакт-дискови.
Како што известуваат медиумите, Русите биле приведени по полициската специјална операција која беше спроведена во неколку турски градови – Коња, Измир и Анталија – по експлозијата што претходно се случи во Истанбул. Неколку десетици лица беа приведени.
На 12 јануари на плоштадот „Султан Ахмед“ во Истанбул терорист-самоубиец се крена во воздух. 10 лица загинаа, а уште 15 беа повредени. Турските власти изјавија дека терористичкиот напад го извршил припадник на ИД.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче