Русија е подготвена да воспостави нормални односи со ЕУ, изјави премиерот на РФ Дмитриј Медведев, пренесува ТАСС.
„Подготвени сме да воспоставиме нормална соработка со државите од Европската унија“, рече шефот на руската влада на Форумот „Гајдар“.
Тој појасни: „Европа е нашиот најблизок сосед, важен економски партнер, нашата трговска размена како и претходно се брои со стотици милијарди евра, без оглед на факторот санкции кој предизвикува жалење“
„Уверен сум, како што имам многупати кажано, дека на крајот на краиштата здравиот разум ќе победи, санкциите ќе останат во минатото, а односите на Русија и ЕУ ќе се вратат во нормален колосек“, потенцираше Медведев.
Меѓутоа, за тоа, според него, „неопходни се чекори на база на економска логика со земање предвид на објективната заинтересираност и на европскиот, и на рускиот бизнис“, заклучи рускиот премиер.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче