Шојгу најави формирање на три нови дивизии на западот на земјата

На западот на земјата во 2016 година ќе бидат формирани три нови дивизии, изјави министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу.

Формирањето на три воени дивизии „во западен правец“, како што рече министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу, ќе биде една од најважните задачи, пренесува РИА „Новости“. „Мора исто така да се опремат местата за постојно базирање, да се изградат соодветни полигони, магацини за техниката и касарни“, истакна министерот.

Шојгу исто така соопшти дека оваа година е планирана и изградба на воени објекти на Арктикот и на Курилските острови.

Министерството за одбрана на РФ кон крајот на декември информираше дека на Арктикот се изградени околу 440 објекти од воена инфраструктура, а уште околу 400 ќе бидат изградени во текот на 2016 година.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња