Путин: Не се согласувам со мислењето на Обама ниту за Русија, ниту за САД

„Сметам дека размислувањето за други земји во негативна смисла претставува спротивност на обидот да се докаже сопствената исклучителност. Ми се чини дека тоа е погрешен став“, ја коментираше претседателот на РФ Владимир Путин изјавата на американскиот претседател Обама дека Русија е регионална сила.

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека не се согласува со мислењето на претседателот на САД Барак Обама за тоа дека Русија е регионална држава, а дека САД се „исклучителна“ држава.

„Сметам дека размислувањето за други земји, обидот за размислување за други земји во негативна смисла претставува спротивност на обидот да се докаже сопствената исклучителност. Ми се чини дека тоа е погрешен став“, изјави Путин во интервјуто за германски „Билт“, одговарајќи на прашањето да ја коментира изјавата на претседателот на САД Барак Обама за Русија како за регионална држава.

„Ако се зборува за Русија како за регионална држава, првин треба да се утврди за кој регион се работи. Треба да се погледне картата и да се каже: дали е тоа европскиот регион? Или источниот регион, каде соседи ни се Јапонија и САД, а ако зборуваме за Алјаска и Кина? Дали е тоа азискиот регион? Или е тоа јужниот регион? Или да погледнеме на север. На север во суштина граничиме со Канада преку Северниот леден океан. Или да погледнеме на југ? За кој регион станува збор?“, изјави Путин, а пренесува РИА „Новости”.

Рускиот претседател исто така истакна дека никако не ги доживеал зборовите на американскиот лидер за Русија, затоа што секој има право на свое мислење.

„Тоа е негово мислење, исто како што знам дека тој мисли дека американската нација, САД се исклучителни. Не се согласувам ниту со едното, ниту со другото“, изјави Путин.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња