Ердоган: Дејствијата на Русија се опасни за Блискиот Исток и светот

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган смета дека политиката на Русија претставува опасност за целиот свет.

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган смета дека политиката на Русија претставува опасност за целиот свет, соопшти во вторникот весникот „Хуриет“, а пренесува „Интерфакс“.

„Опасниот курс, до кој сега се придржува Русија, претставува многу голем проблем не само за неа самата и регионот, туку и за целиот свет“, изјави Ердоган на годишната конференција во Анкара со амбасадорите на Турција.

Според зборовите на турскиот претседател, потезите на Москва во однос на Украина и Сирија создале сериозни проблеми меѓу Турција и Русија.

„Русија не се бори со ИД. Напротив, таа создава услови за формирање квази-држава околу Латакија. Таа удира по нашите туркомански браќа во тој регион. Во таа ситуација прашањето со уништувањето на рускиот авион стана за Русија изговор за да ги спушти нашите билатерални односи на сегашното ниво“, изјави Ердоган. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња